Во недела голема акција за пошумување кај прилепско Прилепец

117

Недела (10.11) со почеток во 10.00 – 15.00 часот иницијативата „Спас за Прилеп“ во соработка со Здружението за едукација, советување, превенција и грижа на лица со дијаетес „Сина Револуција“ со организирана голема акција за пошумување.

Сакаме да Ве известиме дека на ден Недела 10.11.2024 од 10.00 – 15.00 часот иницијативата Спас за Прилеп во соработка со Здружението за едукација, советување, превенција и грижа на лица со дијаетес Сина Револуција ќе организираат акција за пошумување која се одржува во село Прилепец, манастир Св. Никола.

Оваа акција ќе има семакедонски карактер и би сакале да стани традиционална која во иднина ќе се одржува и во другите градови во Македонија. Ќе имаме гости исто така од различни градови од Македонија.

Отворено ве покануваме сите заинтересирани кои сакаат да се приклучат кон оваа благородна акција да ни се приклучат во Недела.
Можите да ни се приклучите како со своето физичко присуство и дружење така и со донации на садници или друг вид на поддршка.
Однапред Ви благодариме и ве очекуваме во Недела.

П.С. Оние кое сакаат да учествуваат во пошумувањето да понесат со себе лопата или дурија – стои во поканата за акцијата од организаторите.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content