СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Нема датум за преговори за Македонија

Македонија останува без преговарачката рамка денеска во Луксембург по завршената дискусија во Советот за општи работи.

Повеќе министри од ЕУ држави упатија поддршка за Скопје и Тирана пред почетокот на состанокот и побараа да не се блокираат двете држави поради постигнатиот реформски напредок, но според дипломатски извори од ЕУ, Бугарија одбила да попушти пред министрите, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Дека не се очекува промена на позицијата на Бугарија во однос на ветото за Северна Македонија, претходно јави и Бугарското национално радио повикувајќи се на свои извори. Софија останува на позиција дека немало напредок со Скопје по однос на исполнување на Договорот за добрососедски односи во целост.

 

Дебатата за проширувањето претпладнево на министерскиот состанок во Луксембург била прилично интензивна, посебно во однос на Северна Македонија и бугарската блокада. Бугарската страна меѓутоа и натаму одбивала да попушти, и покрај предупредувањата на земјите членки на ЕУ дека со оваа блокада „ЕУ си пука сама себе во нога“.

На Софија и било предочено повторно дека во прашање е кредибилитетот на целата Европска Унија и критиките на земјите членки кон позицијата на Бугарија биле „многубројни“, велат дипломатите во ЕУ.

Бугарскиот претставник порачал дека „ЕУ не ја разбира длабочината на проблемот“ помеѓу Скопје и Софија, дека овој спор е европско прашање, и дека притоа Бугарија се наоѓа во „специфична ситуација“ поради претстојните избори во јули.

Сепак, Бугарија не може да даде никаква гаранција ни дека со политичка влада ќе го деблокира ветото, жалат европските дипломати. За огромното мнозинство земји членки е јасно дека одвојување од Албанија не смее да има, и дипломатите присутни на состанокот оценуваат дека е речиси невозможно ова сценарио да се оствари, „освен ако нешто се промени до крајот на денот“.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content