СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Во Македонија прогласена тридневна жалост

По трагичниот настан во Тетово прогласена е тридневна жалост низ целата земја. Државното знаме е поставено на половина копје.

На странски експерти за два или три дена ќе им се придружат и домашни тимови за истражување на теренот. Одлуката ја донесе Владата.

„Владата одлучи да ја прифати понудата од земјите-членки на НАТО да испратат до земјава експерти од највисоко ниво на експертиза во истрагата што ќе помогне да се утврди причината за пожарот во ковид центарот во болницата во Тетово“, наведоа од Владата.

Ќе се утврдува каква дополнителна помош и поддршка е потребна за семејствата на загинатите и повредените. Во меѓувреме и општина Тетово прогласи ден на жалост.

„Тридневна жалост е прогласена во нашиот град и во исто време, додека не се добијат сите други официјални информации, Фондот за итни случаи на општина Тетово ќе им помогне на семејствата кои се соочија со оваа голема трагедија“, рече Теута Арифи- градоначалник на општина Тетово.

Државните знамиња на сите амбасади на државава во странство исто така се спуштени на половина копје.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content