Политика
Во Брисел повторно за Западен Балкан
Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент организира размена на мислења во Брисел со претседателите на парламентите на Западен Балкан.

Тема на состаноците е улогата на парламентот во процесот на проширување на Европската унија.
Како што претходно објави ЕП, состанокот ќе се одржи во рамките на Вториот самит на Европскиот парламент и претседателот на парламентите на Западен Балкан, под покровителство на претседателот на ЕП, Давид Сасоли.
На состанокот ќе присуствува и претседателот на Парламентот на Португалија, земјата што на 1 јули ќе и го предаде местото на шестмесечно претседателство со ЕУ на Словенија.