СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Посен ориз без месо кој ќе ве остави без здив

Една од состојките на ова јадење е кромидот, кој освен за подготовка на храна, може да се јаде и свеж.

Содржи многу состојки кои се добри за здравјето на нашиот организам, а она што е важно да се напомене е дека кромидот го чува здравјето на крвните садови, го регулира шеќерот и штити од дијабетес, обезбедува мирен сон и добро расположение, но добар е и за зајакнување на коските и влакната.

 

Состојки:

2 лажички сув зачин
1 лажичка лук во прав
1 кромид
половина чаша ориз
масло
сол
бибер

Подготовка:

Прво треба да го сварите оризот во зовриена вода, но не многу да го омекнете.

Потоа процедете го вишокот вода и време е да продолжите со подготовка на ова јадење.

Кромидот ситно се сечка, се пржи на масло и се додава процедениот ориз. Мешајте постојано додека овие состојки не се соединат, а потоа е време да го зачините вашето јадење.

Додадете го прво сувиот зачин, па продолжете да мешате. Потоа додадете лук во прав и промешајте. Повторете ја истата постапка кога ќе додадете сол и бибер.

После тоа, оставете ги сите состојки на оган да се соединат уште подобро, а потоа послужете го садот.

Пријатно јадење!

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content