Во Битола и Прилеп граѓаните ќе се запознаваат со можностите за бесплатана правна помош

39

За време на настанот граѓаните ќе имаат можност да им постават прашања на експерти од областа и да добијат одговори, како и да добијат лесно разбирливи информативни материјали за конкретните теми за кои може да се побара и да се добие бесплатна правна помош, вклучувајќи семејно насилство, имотни прашања, дискриминација и социјална заштита…

Информативните активности, организирани во 12 општини во Македонија, од 13 јули до 20 август, се очекува да ги зајакнат знаењата за бесплатната правна помош меѓу жителите на локалните заедници, но, исто така и меѓу правните професионалци, на тој начин поддржувајќи поширок пристап и искористување на овие правни услуги, со особен фокус на ранливите групи, како што се жените и децата.

Оваа кампања во Македонија се спроведува од 2021 година, има за цел да ги промовира овие услуги како еден достапен и функционален механизам што нуди ефикасна правна заштита на граѓаните и осигурува еднаков пристап до правната помош за оние кои инаку не би можеле да си ја дозволат.

Овој настан се организира во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и на Советот на Европа „Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија”, во тесна соработка со Министерството за правда на Македонија и останатите членови на Националното координативно тело за бесплатна правна помош: подрачните одделенија на Министерството за правда, граѓански организации и правни клиники овластени да даваат бесплатна правна помош (БПП). Проектот е дел од заедничката програма на СЕ-ЕУ „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022 г.”, иницијатива за соработка со која им се помага на земјите-кориснички во Западен Балкан и Турција да се усогласат со европските стандарди.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content