СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

(Видео) Објавен филмот за Тоше

Документарниот филм „Једини“ (Единствен) посветен на Тоше Проески, зад кој се потпишува Катерина Миловановиќ од српската „Прва Телевизија“ сега е јавно достапен. Тој е објавен на „Јутуб“ и слободен за гледање. Премиерата беше одржана во Крушево. Во документарецот, се зборува за детските денови на Тоше, моментите со пријателите, неговата желба за живот без слава, хуманоста, но и тешките моменти со семејството кое било на прагот на сиромаштијата. Миловановиќ со нејзиниот тим специјално дојде во Крушево за промоцијата.

Моментите со Тоше и неговата приватност ја сподели Јован Шапе, другар на нашата музичка легенда, со кого ги поминал деновите во училишните клупи. Меѓу другото, раскажа и за организацијата на концертот со минимални финансии, но без откажување. Цитати од Дора Проеска, сестра на Тоше, во кои таа раскажува како тој имал проблеми со очите, а тие имале пари само за автобуски билет кога го носеле на доктор во Прилеп – донесе емоционална бура кај сите присутни.

„Еден ден пред да одиме на вежби за видот, со мајка ми влеговме во продавница. Пред нас, човек купуваше кикирики во вакуум. Тоше ја праша мајка ми: ‘Дали еден ден кога ќе имаме пари, ќе ми купиш вакви кикирики?’. Никогаш не бараше многу беше свесен дека семејството ни е многу сиромашно. Нема – нема..“, стои во цитатот од сестрата на Тоше.

Најпознатото место во Крушево каде Тоше поминувал многу моменти е „Планет“. Имало дупка на кровот, која тој ја поправал, а до неа, негов потпис. Пријателите токму во истото кафуле, ги споделија снимките и фотографиите направени со Тоше. Во филмот зборува и вујкото на нашата ѕвезда, Тоше.

Жељко Самарџиќ споделува како се запознале со Тоше и ја покажа првата касета која ја добил од него. Андријана Јаневска за моментите кога настанала несреќата и неверувањето дека Тоше го нема. Александар Митевски за моментите во неговото студио каде се снимаше и „Македонија навива за нас“. Глигор Копров за настанувањето на песната „Усни на усни“. Текстописецот Огнен Неделковски меѓудругото посочува: „Македонската музика не може да се опорави“. Новинарката Соња Алексовска, која напиша и книга за Тоше, исто така раскажа многу за него.

Од првиот настап до последниот концерт, сите снимки се дел од овој документарен филм. За наградата „Златна бубамара“, во него зборува и Ранко.

Погледнете го целиот документарец.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content