СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Ако сте за скијање МАВРОВО И ШАПКА ВЕ ОЧЕКУВААТ, НОВ СНЕГ ИМА И ДЕНЕС

Освен на Попова Шапка и Маврово снег утрово има и на сите планини во земјава, а снегот ја покри и Пониква како и планината Галичица.

Слаб снег вчера падна и во Нижо Поле во Битола.

Инаку времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утре под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи и засилен ветер. Потоа во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд со слаб, а во четврток наместа со умерен интензитет.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content