СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

„Xiaomi“ испорача рекордни 46,6 милиони смарфони и стана трет по големина бренд за паметни телефони во светот

Најновиот финансиски извештај на „Xiaomi“ укажува на огромен успех на пазарот од 46,6 милиони испораки на паметни телефони и 7,2 милијарди долари приход од паметни телефони во периодот од 1-ви јули до 30-ти септември.

Бројот на испорачани телефони е поголем за 45,3% во споредба со истиот период од минатата година, а според глобалниот извештај за испорака на смартфони на компанијата „Canalis“, „Xiaomi“ сега е третиот по големина бренд на паметни телефони во светот со 13,5% удел на пазарот.

Вкупните приходи се искачија на 10,9 милијарди долари, што е за 34,5% повеќе од истиот период од минатата година. Нето добивката достигна 621 милиони долари. Просечната продажна цена (ASP) на телефоните „Xiaomi“ се искачи на 155 долари по единица, предводена од продажбата на водечките телефони „Mi“ во третиот квартал од 2020-та година.

 

Приходите надвор од Кина се искачија на 6,03 милијарди долари, што е за 52,1% повеќе од претходната година. Приходите од „AIoT“ се искачија на 2,7 милијарди долари, што е за 16,1% повеќе од третиот квартал од 2019-та.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content