СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Се беше фарса, добивме големо ништо, вели таткото на генијот Македон

Денеска покрај медалот по математика добивме и голем пораз од државата. Пред неколку месеци кога Македон ги освои првите златни медали по математика бевме повикани во Министерството за образование на прием кај министерот. Таму бевме дочекани со сите почести многу сликање, поклони ранец и книги за Македон и најважното многу ветувања, вели вели таткото на малиот гениј Македон, Владимир Димитровски. 

Прво дека ке се среќаваме еднаш месечно за да видиме како напредува Македон и на кој начин тоа да се артикулира 

Беше ветено од страна на министерот дека ќе стапи во контакт со сите големи амбасади за да и они помогнат во процесот на едукација на Македон.

Дека ќе се формира комисија што ќе направи програма за надарени деца за да може во иднина да ги едуцира овие деца. 

Ни беше кажано дека има потенцијални спонзори кои сакаат да останат анонимни да финансираат неограницени средства во школувањето на Македон, открива Димитровски. 

Сега, додава тој, после неколку месеци, покрај многу повици од наша страна до истото тоа министерство конечно ни кажуваат дека сето тоа било една голема фарса и дека од сето тоа што го ветиле нема ништо. 

Ни кажаа дека амбасадите не можеле да ги контактираат на соодветно ниво туку во неформални контакти биле незаинтересирани, дека спонзорите одеднаш станаа незаинтересирани, а државата не може да инвестира во ваков тип на образование. Со еден збор добивме едно големо НИШТО на денот кога Македон го доби третиот медал по математика замислите на светско ниво. Што треба едно дете со таков IQ и со такви успеси да направи за да добие поддршка од државата? За сега една големо „0”, напиша Владимир на својот Фејсбук профил. 

 

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content