Владата закажа седница напладне

30

Владата на Република Македонија, денеска, ќе ја одржи редовната 55-та седница, на која според предложениот дневен ред, ќе биде разгледана предлог-одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Оперативно постојано тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот.

Како што соопштија од владината прес-служба, меѓу другото, Владата на седницата ќе донесе мислење за информацијата со предлог за преземање мерки за решавање на проблемите со кои се соочуваат неевидентираните лица во матичната книга на родените, а во врска со неможноста да ги остваруваат правата утврдени во Законот за неевидентирани лица во матична книга на родените.

На оваа седница ќе биде разгледана и информацијата на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество за состојбите во однос на обезбедувањето на социјална и здравствена заштита од страна на граѓанските организации.

За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, која ќе започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување, посочуваат од владината прес-служба.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content