„Вилма време е да си ги смениме местата!“ – осудените за 27 април и адвокати се огласија по пораките на Боки 13

38

Дел од осудените за „27 април“ јавно ѝ порачаа на обвинителката Вилма Русковска дека тежок ќе бил крајот. Ова доаѓа откако вчера, Бојан Јовановски-Боки 13 во подкастот „Лазаров“ читаше пораки за кои посочи дека се меѓу него и Русковска, а се екстрахирани од неговиот телефон. На страницата „Слобода за Јане Ченто“ осамна порака дека доаѓа денот.

„Тек доправа ќе треба да одговараш за местенките, за криењето записници, криењето докази кои се во наша корист, искривување на факти, менаџирањето на процесот….и многу други работи за предметот 27ми Април“, стои во објавата.

Игор Дурловски, кој доби ослободителна пресуда, напиша: Е ова е “Вистината за Македонија”, алудирајќи на бомбите на Заев.

Реагираше и адвокатот Драган Пешевски.

„Ете го новиот доказ потребен за повторување на постапката за 27ми Април, кај Стефан Лазаров у емисија – лајв. Нема кој само да им ги врати годините излежани на лугево, а за све што ке ви следи пошто Господ сте си играле ич не ве жалам!!!“, напиша Пешевски.

Остра реакција и од адвокатот Воислав Димоски.

„Никој не е изненаден од околноста дека обвинителката (која е нели, странка на постапката!) ги знаела пресудите за „27-ми април“ пред судијката јавно да ги изрече. Никој не се изненади ни кога таа судијка стана судија и претседател на Уставниот суд, а начинот на кој го спроведе судењето се предава на универзитети ширум светот како пример за кршење на правото на одбрана. Никому не му е чудно што обвинител кој на дневна основа лиферувал информации до Боки 13 за обвинителски предмети напредувал до обвинител во Републичкото Обвинителство, откако претходно под закрила на Началникот стигнал до одделението за организиран криминал. Напредувањето во кариерата било очекувано бидејќи луѓе кажуваат дека го виделе како се гушка со тогаш новиот премиер. Место на гушкање: охридски хотел за чии диво изградени делови пак, друга обвинителка ќе го заташка предметот и ќе биде наградена со напредување во кариерата. Очекувано! Дури не се прекине синџирот на негување на правосудни функционери кои се слуги на сите господари, нема што да зборуваме за реформи во правосудството! Правдата треба да се врати во рацете на праведните!“, напиша Димоски.

Порака и на профилот од осудениот Горан Ангелов-Ќосето.

„Вилма време е да си ги смениме местата!!“, стои во објавата.

Бојан Јовановски-Боки 13 читаше пораки за кои рече дека се разменети помеѓу него и обвинителката Вилма Русковска, која беше шефица на Обивнителството за гонење организиран криминал.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content