Државната изборна комисија денеска, на 105. седница која е во тек, ги објавува конечните резултати за распределба на мандатите за пратеници по изборни едници согласно освоените гласови на парламентарните избори од 8 мај 2024 година.
https://youtu.be/5MkmypWkC8w
Како што информира претседателот на ДИК Александар Даштевски, според усвоениот дневен ред, на седницата ќе се расправа и по предлог-решенијата за повторување на гласањето во ИЕ 5 на 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга и 1272 во Општина Охрид, како и во ИЕ 6 на избирачко место 2101 во Општина Желино.
ДИК треба да ги разгледа и предлог-решенијата за разрешување претседател, членови и нивни заменици на избирачки одбори во избирачки места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1190 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга, 1272 во Општина Охрид и 2101 во Општина Желино.