Веб страниците на повеќето ЈП и АД во државна сопсвеност не се едноставни за добивање информација

16

Веб страниците на најголемиот број јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост, не се едноставни за добивање одредена информација која е од интерес на граѓаните/барателите на информации од јавен карактер, покажал мониторингот што го изврила Агенцијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер спроведен во периодот од 19 септември до 10 октомври годинава.

Под мониторинг биле 49 веб страници на јавните претпријатија во надлежност на Градот Скопје и општините, како и на јавните претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост.

– Проактивно објавените информации на имателите треба да бидат лесно достапни и разбирливи, да можат да се употребат, да бидат релевантни за граѓаните и истите редовно да се ажурираат. Информацијата е предуслов за одговорна власт и основа за демократските процеси-информациите за работата на имателите им овозможуваат на граѓаните адекватно да донесуваат заклучоци и да партиципираат во носењето на одлуки за прашања кои се од нивен интерес. Транспарентноста и пристапот до информациите од јавен карактер се неделиви инструменти во борба против корупцијата, неведуваат од Агенцијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер.

Од мониторираните 49 иматели на информации, според методологијата за мониторирање, 10 иматели се со високо ниво на транспарентност, 30 иматели се со средно ниво на транспарентност, а девет иматели се со ниско ниво на транспарентност. Мониторираните иматели имаат средна вредност на проактивната транспарентност.

Според резултатите од мониторингот, најтранспарентни се: ЈП. Комунална хигиена-Скопје со 49,5 бода, А.Д. МЕПСО-Скопје и А.Д. ТЕЦ НЕГОТИНО-Неготино со по 42 бода од можните 55 бода. Веб страниците на најдобро рангираните институции имаат лесен и пристапен начин на достапност на информациите од јавен карактер од интерес на барателите и ги поттикнуваме да ја следат  и надоградуваат проактивната транспарентност, како и отчетноста во својата работа пред граѓаните.

Мониторингот на веб страниците на Јавните претпријатија под надлежност на општините и Град Скопје и јавните препријатија и акционерски друштва во државна сопственост покажа дека како иматели на информации од јавен карактер треба да вложат многу поголем труд за да ја подобрат и зајакнат што повеќе својата проактивност кон граѓаните. Информациите кои ги публикуваат да ги поставуваат во посебен банер/линк под наслов ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ/СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ, со што истите ќе бидат лесно достапни до барателите и на тој начин ќе го намалат бројот на барања по слободен пристап до информациите од јавен карактер, посочуваат од Агенцијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content