Бумбароски: Со електронските учебници, завршува ерата на бесплатно образование

50

Има училишта кои што имаат проблем со струјата, камо ли да имаат компјутери, има рурални места каде што нема интернет, значи имаме многу потешкотии, состојбата е таква и сега, но дури и во едно подобро време, откако ќе помине кризата, повторно би се соочиле со недостаток на уреди, изјави Томислав Гиевски, претседател на НСОН.

Наставниците се сомневаат дека општините ќе им помогнат на сите ученици кои немаат компјутери. Доколку нема никаква можност за електронско учење, трошокот за печатење на учебниците ќе падне на товар на родителите.

 

Со ова ќе заврши ерата на бесплатното образование. Позади ова се крие некоја политика која што искрено не ми се допаѓа, редно време е да се тргне политиката од образованието. Политичарите треба да знаат дека образованието не е заради дневно политички цели туку треба да се гледа 15 години напред. Ние негативните последици ќе ги почувствуваме подоцна, а сигурен сум дека ги има, бидејќи за концепцијата не се консултирани ниту наставниците ниту родителите, изјави наставникот Гоце Бумбаровски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content