Бројни љубители на трчањето учествуваа на трката „Трчај бе”

36

Во трката за Балканското првенство, на 21 километар, во машка конкуренција победи Илие Александар Корнеши од Романија. На второто место се пласира Ахмед Алканоглу од Турција, додека на третата позиција заврши македонскиот претставник Дарио Ивановски.

Во истата дициплина во женска конкуренција победи Маринела Нинева од Бугарија, втора беше Лилјана Марија-Драгомир од Романија, а на третото место се пласира Неја Кршинар од Словенија.

На 10 километри во машка конкуренција победи Димитар Петровски, втор беше Кристијан Стојани, а трет Трајче Илијевски. Во женска конуренција победи Билјана Кираџиева, втора беше Душица Јанковиќ, а на трето место се спласира Марина
Домазетовска.

На трката на пет киломтри, во машка конкуренција победи Пепи Анакијев, втор беше Христијан Наумовски, а на третото место се пласира Михаел Ван Баелен. Во женска конкуренција првото место го освои Милена Чкрипеска, втора беше Цеца Србова,а на трето место се пласира Маре Чкрипеска.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content