Британската амбасадорка Рејчел Галовеј во посета на ООУ „Блаже Конески“ Прилеп

49

Во рамки на дводневната посета на НЕ Рејчел Галовеј, амбасадор на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија оствари посета на нашето училиште. За време на посетата амбасадорката беше запознаена со дел од наставничкиот тим на училиштето, планот за поддршка на образовниот процес, искуството и начинот на адаптација на учењето на далечина за време на вонредната состојба предизвикана од пандемијата на COVID-19.

Особен впечаток и задоволство претставува кога ќе слушнете вакви амбициозни планови за поддршка на едукативниот процес кои доаѓаат од Македонија, и тоа токму од ООУ „Блаже Конески“ од Прилеп, изјави Галовеј по средбата со директорката на училиштето, г-ѓа Ангелка Баракоска.

 

ООУ „Блаже Конески“ учествуваше по проектот „Училишта во 21 век“, поддржан од Британскиот Совет во организација на Министерството за образование и наука и Биро за развој на образованието.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content