Божиновска: Почнува имплементацијата на патоказот за „Праведна транзиција“

109

Владата започна сеопфатни активности за подготовка на патоказот за „Праведна транзиција“. Под претседателство на Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, пред најголемиот дел од членовите на Владата, претставници на акционерските друштва АД ЕСМ и АД МЕПСО и ЕБОР, денеска се одржа состанок на Советот за праведна транзиција. Поднесена е сеопфатна информација за досегашните чекори, и се дадени насоки за понатамошни активности кои во наредниот период треба да ги спроведат сите институции вклучени во процесот.

Планот обезбедува пристап до 85 милиони американски долари грантови и концесиски финансиски средства. Вкупните почетни проценки за потребните инвестиции изнесуваат три милијарди евра кои треба да се мобилизираат од приватни инвестиции и средства од развојните банки, дополнети со буџетски средства за да се имплементира овој процес. Се очекува дека две милијарди евра ќе бидат распоредени од приватниот сектор преку олеснување на инвестициските бариери, првенствено во обновливи извори на енергија.

-Праведната транзиција подразбира премин кон економија со ниско ниво на емисии на јаглерод, при што ја обезбедува иднината и егзистенцијата на работниците и заедницата. Таа се заснова на социјален дијалог помеѓу работниците, синдикатите, работодавците, владата и заедниците. Планот за Праведна Транзиција обезбедува и гарантира подобри и попристојни работни места, социјална заштита, повеќе можности за обука и поголема безбедност на работните места за сите работници погодени од глобалното затоплување и политиките за климатски промени – рече Божиновска

Иницијативи за праведна транзиција се потребни на сите нивоа, од компании и економски сектори, до градови и региони, во рамките на Европската унија и на глобално ниво. И ние како Влада, ќе се заложиме припроцесот на праведна транзиција мандаторно да се реализира инклузивен и социјален дијалог. Ќе донесеме мерки за ублажување на негативните ефекти врз работниците и регионите, ќе направиме огромни напори да ги заштитиме

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content