СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Сузбиена организирана криминална група за криумчарење мигранти, приведени шест лица

Во координирана полициска операција за сузбивање организирана криминална група за криумчарење мигранти денеска се приведени шест лица, додека четири лица-членови на криминалната група веќе издржуваат мерка затвор, за претходно сторени кривични дела „криумчарење мигранти“.

Од МВР информираа дека се приведени се Р.Џ. (33) од Велес, С.М. (27) од Штип, Џ.Ш. (30) од Штип, Џ.Р. (26) од Валандово, Г.П. (48) од  Велес и З.Џ. (56) од Велес. Од претходно мерка затвор во КПУ издржуваат С.М. (39) од Велес   О.Д. (47) од Велес, М.Р. (29) од Струмица и М.Ј. (29) од Штип, а се преземаат мерки за приведување на уште три лица.

Во текот на денешниот ден до надлежното обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

Во текот на денешниот ден извршени се претреси во објекти на 11 локации на подрачје на Велес, Скопје, Штип, Струмица и Валандово, соопштија од МВР. Од засега извршените претреси, се наведува во соопштението, пронајдени и одземени се: пари, мобилни телефони, СИМ картички, половина килограм марихуана, како и други предмети од интерес на истрагата.

Полициската акција била спроведена од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, СВР Скопје и СВР Струмица, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content