Политика
Бесплатен ПЦР тест за туристи
Усвоен е протоколот за обезбедување бесплатен ПЦР тест за туристи и странски државјани со регулиран престој во земјата, кој е предвиден како мерка од шестиот пакет за ревитализирање на економијата во услови на ковид-19 соопшти Владата.

Мерката предвидува бесплатни тестови за странските туристи во посета на нашата земја, а на кои им е потребен ПЦР тест за влез во земјата каде се враќаат – велат од Владата.