Без ова нема да намалите килограми

29

Затоа нутриционистите препорачуваат во секојдневното мени да вметнете некои од намирниците кои ќе ја задоволат потребата за слатки, а притоа се здрави.

Домати: Содржат високо ниво на триптофан, материја која телото ја претвора во серотонин, а исто така богати се и со хром, минерал кој ја намалува желбата за храна и го регулира нивото на глукоза во крвта, па се одличен сојузник во борбата против слатките.

Пченка: Содржи високо ниво на антиоксиданти, витамини, минерали и растителни влакна, поради кои е повеќекратно корисна.

Варен компир: Оваа намирница нема само да ја задоволи потребата за чоколадо, туку и организмот ќе го снабди со витамин Ц, Д и Б6 и железо.

Јаболко: Ова е едно од најдобрите овошја за задоволување на желбата за слатките, богато е со прехрамбени влакна, кои даваат чувство на ситост и го намалуваат гладот.

Цимет: Овој зачин, со пријатен мирис и вкус, спречува нагли осцилации во нивото на глукоза, со што ја регулира потребата за шеќер.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content