Банкротира најголемиот производител на кондоми во Германија

45

Фирмата од Сарстед, во Долна Саска, пролетва објави дека има финансиски проблеми. Според претходните извештаи, фирмата се наоѓа под притисок поради девизните проблеми и оние со наплатата на своето работење во Русија, откако почна војната со Украина и беа воведени санкции. Од тоа, само околу 15 проценти останале во Германија.

Во Франција во текот на пандемијата на коронавирусот имало недостиг од кондомите на ЦПР, а според зборовите на шефот на компанијата Мајкл Кеселринг, тоа исто така се случило и во Германија на почетокот на пандемијата. Поради тоа, побарувачката во онлајн работењето на почетокот исто така пораснала. Кеселринг потврдил за „Лебенсмител цајтунг“ (ЛЗ) дека фирмата не може да го продолжи работењето. Во согласност со тоа, инвеститорите што ја посетиле фирмата во Сарстед по отворањето на стечајната постапка, не дале никаква понуда за преземање.

Според информациите од ЛЗ, околу 80 работници во фабриката биле отпуштени. Меѓутоа, кризата на производителот почнала многу пред војната во Украина. Кон средината на 2020 година имало шанси таа да се спаси од неликвидност, но сега на ЦПР му дојде крајот. Компанијата била основана во 1987 година и долго време важела за најголем производител на кондоми во Европа. Нејзините стоковни марки „Сико“ и „Крејзи манки кондомс“ на корисниците им нуделе широка палета различни видови висококвалитетни кондоми направени од природен гумен латекс. Фирмата исто така произведувала машини и лабораториска опрема за производство на кондоми.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content