СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Штрајкот на М-НАВ е одложен, ќе се работи на отворените прашања

Постигната е согласност да се работи на отворените прашања од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), на состанокот одржан во Министерството за транспорт и врски, со претставници од Синдикатот на М-НАВ (ССКЛ) и менаџментот на претпријатието за вршење на дејноста давање на услуги на воздухопловната навигација, М-НАВ АД Скопје, известува прес-службата на Владата.

„Со тоа е овозможено авионскиот сообраќај да се одвива редовно. Во меѓувреме се продолжува со координациите во ресорното министерство, со цел целосно реализирање на преземените обврски од двете страни.

Владата на Република Северна Македонија смета дека потпишаниот колективен договор, одлуката за ангажирање консултантска фирма којашто професионално ќе изврши функционална анализа за подобрување на функционирањето на претпријатието, како и согласноста за подигнување на нивото на транспарентноста за сите прашања и изработка на студија којашто ќе ги даде идните правци за развој на претпријатието покажува дека низ функционален дијалог се можни решенија.

Ваквиот одговорен пристап од сите страни е соодветен начин на решавање на отворените прашања во интерес на граѓаните и јавноста“, се додава во соопштението од Владата.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content