„Ајфон 14“ телефоните ќе се произведуваат во Индија

62

„Епл“ планира да почне со производство на својот следен модел паметен телефон „Ајфон 14“ (iPhone 14) во Индија. Американската компанија бара алтернативи за своите капацитети во Кина, по растот на тензиите на таа далекуисточна земја со САД и корона-карантините коишто ја прекинаа работата на фабриките, објави „Блумберг“.

Компанијата работи со доставувачите на зголемување на производството во Индија и скратување на доцнењето во склопувањето нови „Ајфони“, кое за претходните модели изнесуваше шест до девет месеци, се вели во извештајот на компанијата.

Во наводите стои и дека доставувачот на „Епл“ со седиште во Тајван – „Фокскон“ врши проценки околу набавката на компоненти од Кина и можното производство во фабриката кај градот Ченај во јужна Индија.

Производството на првиот „Ајфон 14 ЕС“ во Индија најверојатно ќе заврши кон крајот на октомври или во ноември.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content