АХВ казни нерегистрирани производители на сирење во Прилеп и Скопје

120

– Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) казни нерегистрирани производители на сирење во Прилеп и Скопје, како и месарница поради неводење на дневна евиденција за потрошени суровини за производство на подготовки од месо.

Како што информираат од АХВ, во прилепското село Ново Лагово, индивидуален земјоделец е казнет поради нерегистрирано производство на сирење и му е наложено да ја регистрира дејноста.

Во Прилеп, исто така, е изречена казна на оператор со храна – месарница поради неводење на дневна евиденција за потрошени суровини за производство на подготовки од месо.

Преку нивните редовни и вонредни контроли на целата територија на земјава казнети се и физички лица на скопскиот зелен пазар „Буњаковец“.

– Нештетно се уништени 8 килограми сирење, 2 килограми кашкавал, 5 пакувања мед со саќе во количина од 4,5 килограми, кои немале документ за потекло, стои во соопштението од АХВ.

Оттаму дополнуваат дека контрола е спроведена и во сендвичарница на овој зелен пазар каде не се утврдени неправилности.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content