Акција за чистење на дивите депонии во Прилеп

6

Денеска организираме голема акција за чистење на дивите депонии во делот на клучката за влез од Прилеп кон Битола кон бензинската станица на Лук Оил. Оваа акција е по иницијатива на градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески во соработка на Јавните Комунални Претпријатија и со помош на градежната оператива на градот. Оваа акција има за цел да овозможи чистење на дивите депонии и почист град. Додека во светот сите го селектираат ѓубрето и се залагаат за помалку смет и ѓубре ние сме тие кои треба да допринесеме за почиста околина како за нас, за нашите сограѓани и за нашите поколенија. Воедно упатувам апел до граѓаните да ги користат услугите на ЈКП “Комуналец„ за депонирање на било каков отпад бидејќи со тоа ја зачувуваме чиста нашата средина, посочи Абрашоски в.д директор на ЈКП „Комуналец“.

Воспоставување на овој систем ќе продолжи во континуитет.

 

 

      

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content