Акција за пошумување во атарот на манастирот Света Петка во с.Лениште Прилеп

31
За оваа акција од нивна страна обезбедени се околу 2000 багремови садници.
Организаторите планираат оваа акција да стане традиционална и секоја година да се прават вакви активности со цел зачувување на животната средина.
Од страна на организаторите исто така за сите заинтересирани кои ќе се приклучат на оваа акција ( а немаат превоз) ќе биде обезбеден и организиран превоз со Зборно место за тргнување Дом на културата Марко Цепенков Прилеп 08.30 часот а додека сите со сопствен превоз треба да бидат во 09.00 часот на лице место, т.е. Манастир Света Петка с.Лениште.
Се Напоменува секој учесник да си понесе  алат за садење(лопата,дурија или казма).
По завршувањето на активноста планирано е заедничко дружење не само на членовите на двете организации туку и на сите присутни кои ќе се приклучат на оваа акција со заеднички ручек во Манастирот Света Петка с.Лениште.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content