Активни два пожари во Прилеп

50

Да напоменам дека во текот на вчерашниот и денешниот ден изгаснат е пожарот на потег Канатларци – Подмол, а додека пожарот кој почна на 2-ри август на потегот  Топлица – Ракле – Никодин сѐ уште е активен. Денеска во попладневните часови се зголемија трите краци, едниот крак оди кон населеното место Никодин, вториот крак се движи од Ракле кон  запад  и третиот од Топлица кон магистралниот пат  Прилеп – Градско. На денешниот кризен штаб се договоривме дека рано наутро,  30 припадници на Армијата, 16 претставници од Македонски шуми и ТППЕ да се упатат на местото на настанот сѐ со цел да се укаже помош. Јавните комунални претпријатија исто така се мобилизирани и ќе бидат на повик доколку е потребно засилување – посочи градоначалникот Јованоски.

Градоначалникот Јованоски потенцираше дека е во постојана комуникација со Центарот за управување со кризи, командирите на ТППЕ и Армијата, како и со директорите на јавните комунални претпријатија.

 

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content