Активист на СДСМ од Битола поднесе кандидатура за лидер на партијата

205

Првиот кандидат што поднесе кандидатура за претседател на СДСМ е Златко Ристовски – партиски активистод Битола, објави и ТВ24.

Информациите се дека Ристовски е релативно анонимен во партијата, а колку неговата кандидатура е уредна ќе се знае откако ќе заврши рокот за кандидирање.

Се очекува денеска кандидатура да поднесат пратеничката, екс министерка за одбрана – Славјанка Петровска и поранешниот министер за здравство од оваа партија – Венко Филипче.

Сспоред најавите, за највисоката партиска функција е и директорот на ТИРЗ – Јован Деспотовски.

Изборите за нов претседател на СДСМ ќе бидат на 30 јуни.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content