Автохтониот македонски вид на пчели е загрозен

77

Целта на кампањата е подигнување на јавната свест за значењето од одгледување на автохтоната медоносна пчела, но и поттикнување на надлежните институции да посветат повеќе внимание на оваа тема и да ја продлабочат соработката со граѓанските организации.

Кампањата ќе се води преку социјалните мрежи. Предвидено е снимање промотивен видео спот, а доколку се создадат услови ќе бидат реализирани и средби и работилници „лице в лице” со сите засегнати чинители.

Популацијата на македонската медоносна пчела Apis mellifera macedonica кај нас е идентификувана и потврдена како автохтон подвид. Но, последните неколку години зачестена е нелегалната продажба на пчелни матици од „увезени“ комерцијални и неавтохтони подвидови на медоносни пчели со што се „контаминира“, односно хибридизира популацијата на автохтоната медоносна пчела. Хибридизираните пчели се со намалена виталност, потешко презимуваат и не обезбедуваат рентабилно пчеларење на подолг рок. Како најголем и најсериозен проблем од сето ова е нарушувањето на биолошката разновидност. Со ваквите негативни влијанија, пчеларскиот сектор се доведува во незавидна ситуација, со економски штети кои можат да бидат од голем размер, велат од здружението.

Според „Македонска пчела“, само преку сериозен пристап кон оваа тема и преку заедничка соработка на сите засегнати страни и чинители, ќе се елиминираат голем број несакани појави поврзани со македонската медоносна пчела.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content