Собранието ќе одржи седница, ќе се бираат работните тела

0

Претседателот на Собранието, Талат Џафери најави дека денеска напладне ќе закаже седница на која на дневен ред ќе биде избор на составот на работните тела на парламентот, а потоа верификацијата на мандат на пратеник на местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Составот на работните тела помина и на седница на собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата, на која беше потенцирано дека бил постигнат консензус меѓу сите пратенички групи во Собранието.

На оваа седница нема можност за други точки на дневен ред, бидејќи материјалите треба да поминат на комисии. Во Собранието досега се пристигнати законските предлози на Владата за основно и средно образование, како и петте одлуки за вонредната состојба од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content