При посредување за работа во странство: Внимавајте на кого ги давате личните документи!

0

Криминалистичката полиција на СВР Битола со апел до граѓаните:

„Поради зачестени пријави од граѓани кои се измамени со злоупотреба на личните податоци пристигнати во СВР Битола, во врска со подигнување на брзи кредити во име на трето лице за кои оштетените не се запознаени, апелираме до граѓаните да бидат исклучително внимателни со кого ги споделуваат или каде ги изложуваат на увид личните карти, патните исправи, трансакциски сметки или здравствени легитимации.

Исто така, СВР Битола предупредува, посебно помладите, да бидат особено внимателни при посредување за работа надвор од државата. Со цел спречување на измами, особено да бидат внимателни при аплицирање и склучување на договор за работа во странство и да ја проверат агенцијата/компанијата која им ги нуди услугите за посредување и сите сомнителни случаи соодветно да ги пријават“, велат од таму.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content