Претседателот на албанската бизнис дијаспора се досели во „Соравиа“

0

Назар Мехмети од Далас, претседател на албанската бизнис дијаспора (ADBN), ја шири деловната мрежа во Македонија со новорегистрирана фирма на адреса на трговскиот центар „Соравиа“.

Компанијата „Американ Инвестмент Груп“ е регистрирана на адресата „Филип Втори Македонски бр.3“ со амбициозен почетен влог од 3 милиони евра и со дејност „на советување во врска со работењето и останато управување“.

Бизнисменот кој во САД е познат уште и по името Ник, според она што може да се види во медиумите кои известуваат за неговите деловни контакти, се поврзува со четириесет и една компанија. Компаниите биле формирани во период од четириесет и две години. Дваесет и шест од компаниите се сè уште активни, додека останатите петнаесет сега се наведени како неактивни.

Ник Мехмети е познат и по организацијата на економски форуми, конференции и промоции на кои учествуваат и странски политичари од регионот и од светот, меѓу кои некогашните косовски претседател Хашим Тачи и премиер Рамуш Харадинај, министри, како и бизнисмени од типот на Лазим Дестани.

Од она што може да се прочита во медиумите на албански јазик, лобито на Мехмети  најмногу е сконцентрирано во Вашингтон со обиди за влијание и на политичката ситуација во Косово.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content