Националниот сојуз на слепи потсетува на потребите на лицата со оштетен вид

0

Денес ги потсетуваме носителите на политиките дека е најзначајно лицата со оштетен вид да патуваат независно и самостојно. Потсетуваме за важноста од звучни семафори, тактилни патеки, но и пристапни и безбедни тротоари за сите пешаци, наведува Сојузот кој годинава одбележува 75 години постоење.

Сојузот посочува и на дополнителните проблеми за оваа категорија граѓани предизвикани од пандемијата со КОВИД-19 која, како што наведува, „остави многу значајни нееднаквости во општеството“.

Со оглед на новата ситуација која ни ја наметна светската пандемија, уште еднаш ги потсетуваме властите за важноста од инволвирање на лицата со оштетен вид при носење протоколи кои ги засегаат овие лица. Бидејќи сите треба да бидеме вклучени, никој не смее да биде оставен. Овој ден и оваа година е уште еден потсетник дека ние сме тука меѓу вас и дека ништо за нас – без нас, соопшти Националниот сојуз на слепи, порачувајќи достојно да се почитува Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content