Можело: Во маркетите ќе купуваме поевтини тестенини, зејтин и млечни производи

0

Мерките на владата дадоа резултат. Во маркетите деновиве сме сведоци како се продава леб за 33 денари или поевтин.

Пониски цени се забележани и кај тестенините кои е продаваат за околу 44 денари, а беа 51.

Маслото за јаденје исто така е далеку поевтино од порано и сега се продава под сто денари од литар.

Во меѓувреме за неколку проценти поевтинија и млечните производи.

Според познавачите на состојбите, ваквиот бран на поевтинување на основните прехранбени производи ќе продолжи и во период, заради тоа што голем број на компании се согласија да ги прифатат мерките на владата, но и е забележан тренд на конкуренција на пазарот, каде помали компании успеаа своите мали и непознати локални брендови да ги издигнат на повисоко ниво и да ги стават достапни низ целата држава.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content