Мечка упаднала во двор среде бел ден!

1

Во последниве години сè повеќе сме сведоци на посетата на дивите животни во местата на живеење на луѓето, па шумата и воопшто природата повеќе не им се единствени живеалишта. Вакви ситуации се случуваат и во Македонија, каде честопати се забележани диви свињи, срни, па и мечки во близина на домовите на луѓето, а истите се појавуваат и на автопатите и на регионалните патишта. Неодамна беа објавени и снимки од диви свињи што шетаа по улиците на Нов Белград, а црниот пантер што со недели се криеше низ Војводина сееше страв и немир кај тамошното население.

На Интернет се појави снимка како една мечка трча низ дворот на една куќа. Сопственикот со неверување ја снимил оваа навидум ужасна сцена. Мечката, всушност, само сакала да си поигра на лулашката во дворот. Првично, неколку минути се обидува да се качи на големата нишалка, а кога конечно ќе успее, се гледа задоволството на нејзиното лице. Виралната снимка со ова мечка што се појави на Тикток има повеќе од 20.000 коментари од воодушевените гледачи.

-Таа е како мало дете.

– Изгледа како мало палаво мече.

– Иако е преслатка, не сум сигурна дека би сакала да ја видам во мојот двор.

– Па, ова е навистина преслатко.

– Колку е само среќна што успеа да се качи на лулашката – се само дел од коментарите на Тикток.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content