Македонија најнесреќна на Балканот и на дното во Европа

0

Македонија e 87-ма меѓу 137-те држави во новиот извештај „Среќата во светот 2023“ на Обединетите Нации (ОН), на последното место е на Балканот и котира меѓу најнесреќните држави во Европа. Полошо се рангирани европски држави од Македонија се само Грузија (90 место), Украина (92) и Турција (106).

Најсреќна држава во светот е Финска, која има просечен резултат од 7,804. Во првите пет држави се наоѓаат уште и Данска, Исланд, Израел и Холандија. Најдобро рангирана во регионот е Словенија на 22 место, по која следуваат Косово на 34 место, Србија на 45-то, Хрватска на 48-то, Грција на 58-то, Црна Гора на 67-то, БиХ на 71-то, Бугарија на 77-то и Албанија на 83-то.

Индексот ги мери субјективните чувства на граѓаните, преку визуелната „Скала на Кантрил“, едноставно прашање за тоа колку тие се чувствуваат среќни и зошто.

Најнесреќна држава оваа година е Авганистан со просечен резултат од 1,859, додека на последните пет позиции се уште Либан, Сиера Леоне, Зимбабве и ДР Конго.

Ова е 11-та година откако се објавува извештајот „Среќата во светот“ на 20 март – Меѓународен ден на среќата според Обединетите нации.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content