Коридори: За 23 надзорници нема документи

1

За 23 од вкупно 81 експерт ангажирани од компаниите за надзор на работите во Коридорите 8 и 10-Д, недостасуваат клучните документи од договорите за нивно ангажирање во супервизорските компании, или локалните помошни компании. Според Законот за градење, фирмата која бара градежна дозвола А, мора да има најмалку 4 вработени инженери. На прашањето кои се инженерите со кои фирмата „Електра Солушенс“, побарала и ја добила А лиценцата за градба, од Министерството за транспорт и врски во изјава за емисијата „360 степени“ во Алсат, изјавиле дека не можат да дадат лични податоци .

„Електра Солушенс Скопје, ги исполни условите со докажување на својата дејност и 4-те дипломирани инженери, ангажирани на релевантен начин да вршат надзор. Во однос на нивните имиња и вработувања, ве известуваме дека согласно Законот за информации од јавен карактер, бараната информација претставува лични податоци и нивната дистрибуција претставува законска повреда“, наведуваат од Министерство за транспорт и врски.

Од Јавното претпријатие за државни патишта изјавија дека сите овластени вработени имаат договор за ангажман на неопределено време, но не можат да дадат докази. Директорот за државни патишта, Ејуп Рустеми, вели дека рокот на тендерот за надзор не е продолжен за фаворизирање на фирма, туку е направен по барање на техничките оператори.

“Тоа го побараа повеќе оператори. Тие побараа рок од две, три или четири недели. Кога ги анализиравме сите барања за продолжување на рокот, го продолживме само за 8 дена, бидејќи нивното барање се базираше на тоа дека се странски фирми и документацијата требаше да биде преведена на македонски јазик“, рече Ејуп Рустеми, директор на ЈП Државни патишта.

Јавните документи докажуваат дека фирмата која ќе добие најголема сума пари за надзор „Електра Солушенс“ има само 4 вработени чиј датум за вработување е 20 октомври 2022 година, додека барањето за лиценца е поднесено на 27 септември. Ова ја наметна дилемата зошто компанијата „Електра Солушенс“ не ги вклучила во надзорот инженерите преку кои ја добила А лиценцата за надзор на градба. Минатата недела Алсат објави дека најголем дел од сумата од 22,3 милиони евра за надзор ќе се инкасира во прометот на компанијата „Електра Солушен“, иако ИРД Инженеринг е лидер на супервизорската групација. „Електра Солушен“ има најголемо искуство како компанија во производство на долна облека.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content