Започна рехабилитацијата на улицата “Леце Котески” во Прилеп

0

Денеска во Прилеп започнаа активностите за рехабилитација на една од најфрекфрентните улици, улицата “Леце Котески”, со инвестициона вредност од преку 47 милиони денари, обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт и врски – напиша на ФБ министерот Благој Бочварски.

-Се работи за целосна рехабилитација на улицата како и изградба на нова велосипедска и пешачка патека. Ја модернизираме патната мрежа и ја подигнуваме безбедноста во овој дел од градот. Денеска со градоначалникот на Прилеп Јовчески го потпишавме договорот за имплежентација и извршивме увид во започнатите работи. Повикуваме на трпеливост на возачите, а тимовите на изведувачите и надзорниот орган ќе работат со целиот свој капацитет на завршување на овој проект во предвидениот рок – напиша Бочварски.

-Убава вест за сите наши граѓани од Општина Прилеп. Нашата Локална самоуправа ги спроведе сите технички документации и после година и половина чекање, конечно дојдовме до фаза на почеток на градежните работи на овој наш значаен влез на градот кој што не поврзува со општина Крушево – рече градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content