Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа

0

Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза во текот на денешниот и утрешниот ден (24 и 25.06.2021 година – четврток и петок), потсетуваат од ова министерство.

 

 

Општите мерки кои треба да се почитуваат се следниве:

Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, вклучувајќи ги бремените жени и лицата на возраст над 60 години.

Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на РСМ и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени, стари и изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, стои во писмениот допис од Министерството за труд и социјална политика.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content