29-годишна девојка со тешки повреди донесена во прилепската болница

0

На 16.03.2024 во 10.30 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.„Прилепски бранители“ патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(56) од Прилеп, удрило во Б.К.(29) од с.Дреновци-прилепско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.К., констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп – информираат од СВР Битола.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content