СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Windows 11 добива нови функции

Најновата верзија на Windows 11 добива нови функции, кои моментално се појавуваат во верзијата Preview.

Новата верзија пристигнува во исто време кога е откриен нов баг во перформансите, поврзан со брзината на пренос на датотеки. За жал, новото ажурирање не ја поправи оваа грешка.

Windows 11 22H2 првпат беше претставен пред неколку недели. Оваа надградба донесе со себе голем број промени, како што се јазичињата во File Explorer, како и враќање на некои функции во Task Bar.

Preview Build 22621 сега со себе носи уште повеќе промени во File Explorer, нова алатка наречена Suggested Actions и разни поправки поврзани со безбедноста.

Повеќето од новите функции ќе бидат достапни на глобално ниво, освен една: Suggested Actions. Оваа функција ќе биде достапна само за корисниците во САД, Канада и Мексико.

Како што сугерира името, функцијата ќе им овозможи на корисниците да предложат што да прават со копираниот текст. Microsoft даде пример за копирање телефонски број, што резултира со тоа што Windows 11 сугерира да остварите повик во апликацијата Teams. Ако го копирате датумот, Windows ќе предложи да го додадете настанот во апликацијата Календар.

File Explorer добива три мали промени за да ја подобри неговата употребливост. Прво, корисниците ќе можат да закачат важни датотеки и папки на почетната страница на апликациите за брз пристап. Второ, корисниците ќе можат да ги видат неодамнешните промени направени во споделените датотеки во Microsoft OneDrive. И трето, File Explorer ќе „обезбеди персонализирани предлози“ според профилот на лицето на Microsoft 365.

Што се однесува до поправките, Microsoft вели дека има вкупно 30 – од проблеми со фонтот до продавницата на Microsoft што ненадејно се урива по ажурирањето и принудните вчитувања кои влијаат на EI режимот на прелистувачот Edge.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content