Winamp се враќа во полн сјај

Популарниот плеер добива нова верзија, а во неговото создавање ќе помогнат програмерите кои работат со отворен код.

271

Winamp објави дека го отвора својот изворен код и ги поканува програмерите да учествуваат во подобрувањето на Windows верзијата на овој музички плеер.

Компанијата нагласува дека сепак ќе го има последниот збор кога станува збор за тоа што ќе биде имплементирано во официјалната верзија на плеерот.

Засега не се знае дали ќе користат лиценца со отворен код, ниту пак за која лиценца станува збор доколку се одлучат за таа опција.

Winamp претходно најави дека мобилната верзија на апликацијата се очекува во јули.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content