СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Microsoft ќе почне автоматски да им ја инсталира Microsoft Defender апликацијата на Windows корисниците

ваа апликација е достапна бесплатно за корисниците на Microsoft 365 претплатите за приватни лица

Microsoft Defender е апликација која Microsoft ја претстави минатото лето за приватните корисници. Не е веднаш и лесно јасно која е намената на оваа апликација, а посебно што Windows веќе доаѓа со интегриран систем за заштита, сега наречен Windows Security во кого е вграден и Microsoft Defender.

Оваа нова апликација е достапна на скоро сите платформи, па покрај на Windows, ја има и на macOS, iOS и Android. На сите платформи нуди некаков вид на заштита од малициозен софтвер, додека на iOS може да се користи само за скенирање.

Една од главните функции на оваа апликација е можноста за следење на статусот на сите уреди кои ги има корисникот, а во денешно време тоа лесно може да се каже дека најчесто се работи за барем три уреди.

Корисниците изгледа не се баш многу заинтересирани за оваа апликација, нас не не’ ни чуди тоа, па Microsoft како и многу често во минатото, се реши да ја инсталира апликацијата автоматски.

Автоматското инсталирање ќе се прави преку Microsoft 365 апликациите, односно Office до пред некое време. Кога корисниците за првпат ќе ги инсталираат апликациите од овој пакет, како и кога ќе има некоја надградба, вклучена ќе биде и Microsoft Defender апликацијата.

Засега ова изгледа ќе биде случајот само на Windows, па корисниците на другите платформи нема да бидат вклучени во оваа практика.

Доброто е што оваа апликација на Windows не троши нешто посебно ресурси, а и не прави некаква посебна разлика доколку корисниците не сакаат да ја користат, но непотребно ќе биде додадена на листата на апликации кои корисниците не ги симнуваат самите.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content