СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Maтичните лекари од внатрешноста се незадоволни, бараат да бидат стимулирани од државата

Maтичните лекари кои работат во малите општини имаат мал број на пациенти, со што не можат да се потпрат на сумата која ја добиваат за капитација, и сметаат дека треба да бидат стимулирани од државата.

Дополнително, велат дека и износот на капитацијата е мал и би требало да се зголеми.

Убедени се дека и во иднина бројот на пациенти ќе се намалува, а тие ќе бидат во уште понезавидна положба, и откако ќе се пензионираат, се плашат дека младите нема да сакаат да работат во такви услови. Сето ова ќе ги погоди луѓето кои живеат во малите места.

 

„Оние лекари кои имаат по 3.000 до 4.000 пациенти нема зошто да се грижат, но јас во Берово имам 1.000 пациенти. Старите умираат, младите си одат, се иселуваат и бројот на пациенти се намалува. Оние кои остануваат овде, се повозрасни пациенти, имаат болести, и  тие по неколку пати во месецот доаѓаат на лекар. Кога ние ќе се пензионираме, ќе нема кој да ги лечи луѓето во малите места“, вели лекарка од Берово.

Африм Маќелара, лекар од Дебар објаснува дека финансиите се клучни и само на тој начин лекарите можат да бидат мотивирани.

„Како и за сѐ друго, така и за лекарите во малите места е тешко. Додека не се покачи капитацијата, џабе зборуваме, а таа е непроменета многу време. Младите лекари не сакаат да останат во примарна здравствена заштита“, додава Маќелара.

Д-р Лидија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари на Република Македонија (ЗПЛРМ) објаснува дека тие бараат да се промени начинот на плаќање и да има стимулација во еден дел кој би изнесувал две просечни плати, плус да има дел од капитација и плус партиципација.

„Така секој млад доктор ќе има сигурност и ќе може да работи и опстои со сите трошоци кои ги бара здравствениот систем. Принтери, моќни компјутери, хартија, ампулиЕКГ, инхалатори, боци за кислород, софтвер, кирии, лиценци, К 15, чланарини кон ЛКМ, ЗПЛРМ, струја, вода, интернет, мобилни телефони, одржување на објектот! Сега ФЗОМ со исплата на капитација доцни 67 дена, замислете почетник доктор и сестра од што ќе живеат тие денови додека да почне со работа амбулантата. Затоа бараме реформи за да опстои примарното здравство кое е столбот на овој здравствен систем“, рече Чолакова Дервишова.

Капитацијата по пациент изнесува 63 денари. Ако се вратиме наназад, во 2001 година таа изнесувала 45 денари, па потоа е зголемена на 55 денари, а во 2016 година се зголеми на 55 денари, за да денес изнесува 63 денари. Лекарите велат дека ова зголемување е премало за толку долг временски период.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content