СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Судската администрација излезе на улица – бара повисоки плати

Стотина вработени во судската администрација и членови на Независните синдикати на државна администрација и на судска служба протестираа пред Владата и пред Министерство за правда поради ниските плати и неисплаќањето на додатоците за работа. Преставниците на вработените побараа 35% додаток на плата и изразија револт од односот на Министерството за правда кон нивните барања.

– Протестите не застануваат тука. Денеска имавме состанок со претставници на министерството на финансии со кои не најдовме на разбирање. Бараме зголемување на минималната плата за 78% и исплата на додаток на плата од 35% за судски службеници. Во делот на затворскиот систем бараме зголемување на плати, обука и вработувања. Барањата се реална потреба за сите вработени имајќи ја во предвид специфичноста на нашата работа.

Во минатите пет години немало покачување на платите во службата, а судиите добија неколку пати покачување со што се направи голем јаз во разликата на платите. Со ребалансот на Буџетот не се предвидени за нас покачувања иако протестираме од март наваму – велат претставници на Независниот синдикат на судската администрација и Здружението на судска администрација.

Од Независниот синдикат на државната администрација на денешниот протест уште еднаш укажаа на неопходните реформи во судската власт и независен судски буџет.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content