СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Нема купување по акциски цени во маркети до 30 ноември: Владата ќе ги замрзнува цените на производите

Министерството за економија предложи до Владата да се забрани да се нуди акциска и промотивна продажба од страна на сите синџири на трговци во државата до 30 ноември.

Можеби ова изгледа чудна одлука затоа што на граѓаните ќе им скратиме одредено намалување на цените, но не е така затоа што од следната недела ќе предложиме и замрзнување на цените на производите во прехранбената индустрија. Ова го носиме затоа што одредени ланци на супермаркети прават измама со можностите да направат акциска продажба.

Ќе се знае точно колку ќе биде цената до 30 ноември и колку ќе биде намалувањето. Моите очекувања се дека од понеделник пред да се донесе мерката замрзнување на цените, да има линеарно намалување на цените за минимум 10 отсто. Ова ќе биде пренесено како став утре на состанокот со најголемите ланци на супермаркети – истакна министерот за економија, Крешник Бектеши.

Трговците, како што кажа Бектеши, нема да знаат со кој датум ќе бидат замрзнати цените и на тој начин нема да можат да ги поскапат, а мерките може да бидат продолжени и после 30 ноември.

Одлуката за акциска продажба ќе се носи пред понеделник, а датумот за замрзнување нема да го знаат тие. Сите анализи покажуваат дека нема основ за зголемување на цените на основните прехранбени производи и од страна на трговците, но и од страна на производителите, имајќи го предвид намалувањето на цените на светските берзи, рече Бектеши по работниот состанок со раководителите на подрачните одделенија на Државниот пазарен инспекторат.

Нагласи дека иако има намалување на инфлацијата согласно согледувањата на Министерството за економија има уште простор за да се намалат цените и додаде дека сите завршни сметки на големите синџири на маркети покажуваат дека тие немаат намалување на нивните приходи, туку напротив имаат зголемување за претходната година.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content