СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Коцарев: Ги повикувам сите 120 пратеници во македонското Собрание да се изјаснат против уставните измени

Земјата треба да чекори по европскиот пат, но достоинствено и ќе има повеќе шанси да биде рамноправна членка во ЕУ ако каже не на уставните измени, истакна денеска во своето експозе претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, Љупчо Коцарев на редовното Годишно собрание на највисоката научна и уметничка институција во државата.

Македонија треба да чекори по европскиот пат. Тој е единствениот пат кој нуди сигурност, економски напредок, благосостојба и извесност за сите нас и за државата. Но, на тој пат Македонците треба да чекорат единствено како горди и достоинствени Македонци. За да чекориме достоинствено по европскиот пат ги повикувам сите 120 пратеници во македонското Собрание едногласно да се изјаснат против уставните измени – тоа ќе биде мал чекор за нив, но огромен за Македонија. Ако сега кажеме не, колку и да се чини на прв поглед парадоксално и противречно Македонија ќе има повеќе шанси да биде рамноправна членка во ЕУ да опстои и да не се распадне. Во спротивно ако дозволиме уставни промени тоа ќе значи широко отворање на портите за други нови нестварни и небулозни барања што ќе повлече соочување со уште поголеми искушенија. Промената на Уставот е првото пробно дури можеби и не толку застрашувачко барање – другите посурови и позастрашувачки барања ќе дојдат подобри по започнување на пристапните преговори, смета академик Коцарев. 

Според него, што се однесува до ЕУ треба да се постави прашањето дали ЕУ воопшто размислува за проширување, вели, ако, меѓу другото се земат предвид проценките на Европската инвестициска банка дека трошоците за обнова на Украина ќе изнесуваат приближно еден трилион евра што одговара на целиот буџет на ЕУ за периодот 2021-2027 година, а Германија чиј индустриски модел, вели, почнува да пропаѓа, нема фискален капацитет да обезбеди ниту дел од оваа сума.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content