СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Штрајкуваат вработените во Македонска пошта

Вработените во Македонска пошта денеска штрајкуваат пред компанијата, а според информациите излезени се двата синдикати на Македонска пошта, а причините како што велат се многубројни.

Поводот задоцнувањето на платата, но не само тоа, туку нашиот револт е поради стравување за нашите работни места, поради лошата финансиска состојба на нашата компанија. Сакаме револтот да го изразиме преку овој протест и поради многу лоши услови за работа, а најмногу поради неизвесноста на вработените за иднината на компанијата, односно дали ќе се приватизира или владата и менаџерскиот тим ќе изнајдат начин за компанијата да излезе од оваа ситуација, вели еден од организраторите на штрајкот.

Директорот на Македонска пошта Јани Макрадули за ТВ21  најавил средба со штрајкувачите.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content