СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Избори 2024

Анастасов: Откако насетија крах на изборите, Ахмети и активистите на ДУИ се подготвени на насилство со оружје!

Претседателските и парламентарните избори во Македонија веќе се во полн ек, според реториката, ако не оперативно. Реториката е заострена и бесна, откако Али Ахмети почна да насетува крах за неговата партија и неговата иднина. Ова се случува за прв пат по 22 години, кога тој ја соблече терористичката униформа и ја замени за костум, а планината ја трампаше за канцеларија. Според неговите најнови изјави, тој е загрижен. А и треба да биде, бидејќи ништо не трае вечно. – вели Кирчо Анастасов, главниот и одговорен уредник на информативниот „Брегалнички портал“ во својата колумна со наслов „Ахмети и неговите фантоми“.

Натаму во колумната Анастасов пишува: Најновите коментари на Ахмети се однесуваат на фантоми, односно за фантомското руско мешање во изборите во во Македонија. Ахмети и неговата партија водат кампања на чело на „европскиот фронт“ – што и да му значи тоа – со паролата „Да за Европа, не за Русија“. Како некој во Македонија навистина да сака Македонија да биде дел од Русија.

Ахмети продолжува со старата приказна на СДС/ДУИ дека, ако политичките партии не попуштат пред барањата на Бугарија да ги вклучат Бугарите во македонскиот Устав, тогаш Македонија веднаш ќе западне во руската орбита. Се работи за стар аргумент на СДС/ДУИ: „Нашиот од кон Европа е неизбежен и мора да ги тргнеме настрана нашите забелешки за промената на Уставот и да го менуваме колку пати и да биде потребно, за да станеме членки на ЕУ. Не постои друг начин.“

Не е точно тврдењето дека „нема друг начин“, тоа е измислено, за да се спречи понатамошната расправа. Вистината е дека има и други патишта. Неодамна, високите лидери во ВМРО ДПМНЕ предлагаа творечки начини за решавање на овие прашања, притоа задржувајќи ја европската ориентација на Македонија. Но за СДС/ДУИ има само еден пат – нивниот пат.

Мојата втора точка тука е помрачна, малку и позастрашувачка: не треба да се плашиме од Русите, туку од ДУИ, кои имаат докажано искуство за употреба на насилство, како во минатото, така и денес. ДУИ и нејзините лидери, вклучително и Ахмети и сегашниот технички (за среќа краткотраен) премиер – произлегуваат од насилство.

И Али Ахмети и Талат Џафери употребуваа смртоносна сила, пукаа, рануваа и убиваа Македонци. Тоа се луѓе, кои не би се двоумеле да го сторат тоа повторно. Бидејќи веќе се во поодмината старост и физички опаднати, тие најверојатно нема лично да појдат во борба, но ќе бидат сосема подготвени да поттикнат други да земат оружје.

ДУИ – нејзините лидери, членови и активисти – се вмешани во корупција, вклучувајќи и трговија со жени и девојки, со оружје и дрога. Минатата недела градоначалникот на Арачиново – подрачје на албанскиот криминал – беше цел на обид за атентат, а неговиот возач беше ранет. Веројатно во случајот била вклучена дрога, бидејќи Арачиново е познат центар на трговија со дрога. Овој случај на насилство е само најновиот ваков пример во низата од многу престрелки и убиства меѓу Албанците од доаѓањето на СДС/ДУИ на власт.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content